×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Презентација на мултиетнички активности во “Браќа Миладиновци“

    29.01.2014 14:19 | KumanovoNews

    Во основното училиште “Браќа Миладиновци“ денеска беа презентирани активностите реализирани во првото полугодие во соработка со учениците и вработените од  “Бајрам Шабани“.

    Презентација на мултиетнички активности во “Браќа Миладиновци“

    Во рамки на проектот за интеретничка интеграција во образованието беа направени приредби за Денот на учителот, Нова година, работилници за водата како суштина на живеење, спортски натпревари, собирање на стара хартија и пластика и многу други настани.

    Ние сме домаќини на промотивен настан на се она што е сработено.  Имавме работилници, секции заеднички, две приредби од кои едната беше во нашето, а другата во нашето партнер училиште. Наставниците соработуваа, децата се дружеа и задоволни сме - вели Дафина Јосимовска, член на училишен тим за интеграција во “Браќа Миладиновци“.

    Проектот има за цел да ги поттикне децата од различни националности да се дружат и да градат соживот.

     Преку денешниот настан треба пошироката јавност да се запознае што се се случува во овие две училишта, во партнерските модел училишта. На некој начин за ширење на таа приказна, на тие цели кои ги постигнуваме со заедничка работа, со ученици, наставници. Со идеја тоа да не остане само во овие училишта, туку и другите училишта во општината да бидат запознаени - кажа Сафет Палажи, координатор во “Бајрам Шабани“.

    Проектот за интеретничка интеграција финансиски е поддржан од УСАИД.