Пријава за кумановец за кражба од пред две години
19.05.2017 14:49
| KumanovoNews
Кумановската полиција поднесе кривична пријава против Љ.Ц.(46) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,тешка кражба”.

На 17.06.2015 година во период од 10.30 до 11.30 часот пријавениот извршил тешка кражба во куќата сопственост на О.С. на тој начин што насилно влегол внатре во куќата и одзел 750 евра и лап топ со што причинил материјална штета од 58.100 денари.