×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Пристапни рампи и лифтови за лицата со попреченост во јавните институции во Куманово

    31.05.2017 12:05 | KumanovoNews

    Општината Куманово со поддршка на УНДП и Швајцарската агенција за развој и соработка ќе започне нов проект за социјална инклузија и вклучување во општеството на лица со посебни потреби.

    Пристапни рампи и лифтови за лицата со попреченост во јавните институции во Куманово

    Првата фаза од проектот предвидува мапирање на јавните институциите во градот кои имаат потреба од создавање услови за непречено движење на лицата со посебни потреби, а ќе продолжи со изградба на пристапни патеки, рампи и лифтови за лицата кои се движат со инвалидска количка.

    „Наша задача е да ги лоцираме препреките, кои го отежнуваат движењето на овие лица, а со помош на меѓународната заедница и со средства од буџетот да Општината да најдеме решенија за проблемите, во однос на инклузија на лицата со посебни потреби во општеството. Куманово како локална самоуправа е предводник во Република Македонија во тој процес и дава голема подршка“, - изјави градоначалникот Зоран Дамјановски.

    За таа цел ќе се формира комисија од претставници на повеќе институции на локано и централно ниво, како што се Општината, Министерството за труд и социјална политика, Црвен крст и други, кои ќе извршат увид на постоечката инфраструкатура во сите локални и државни институции во општината, по што ќе се одредат приоритети.

    Координаторката на ОН и постојаниот претставник на Програмата за развој Луиза Винтон и раководителката на секторот во Швајцарската агенција за развој и соработка за Западен Балкан Жоржет Бруше, беа во посета на  основното училиште „11 Октомври“, лично да се запознаат со досегашните активности за социјалната инкулизија во општината и што конкретно предвидува новиот проект.

    „Настојуваме со овие проекти никој да не биде изоставен, туку секој да бидат вклучен во секојдневниот живот и во општеството. Задоволни сме што ја имаме поддршката на Општината“, изјави Винтон.

    Швајцарската агенција за развој и соработка за Западен Балкан во наредниот 4 годишен период ќе стави акцент на прашањата за социјална инклузија и вклучување во општеството.

    „Сметаме дека исклучувањето од општеството ја зголемува сиромаштијата, потенцијалните конфликти и недоразбирања, и затоа сакаме таквите потенцијали и ризици да се избегнат во Македонија. Ова е доказ на една локална заедница, како што е Општина Куманово, како таа може да ја земе судбината во свои раце и да ги решава проблемите што ја засегаат доколку се обезбеди соодветна помош за тоа“, изјави Бруше.

    Во Општина Куманово повеќето јавни институции немаат инфраструктура за лицата со посебни потреби. Во Музејот Куманово поради тоа што нема пристапна патека за движење со инвалидска количка, ги качуваат на раце посетителите кои имаат таков вид здравствени проблеми.