×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Пристигаат сметки во општината, нема кој да потпише да се платат

    29.05.2017 08:47 | KumanovoNews

    На Куманово му се заканува опасност да остане без јавно осветлување, доколку општината во најкратко време не го плати долгот кон ЕВН.

    Пристигаат сметки во општината, нема кој да потпише да се платат

     Минатата недела во општината Куманово пристигнала опомена за исклучување на електричната енергија на уличното осветлување и осветлување на јавните поврини, но долгот не може да се подмири поради тоа што градоначаникот нема право на потпис поради истечениот мандат.

      „Првиот проблем со кој се соочивме минатата недела беше опомена од ЕВН за исклучување на уличното осветлување и објектите од јавен интерес, бидејќи ние сметките ги плаќаме од 15 до 20 во месецот. Упативме писмо до ЕВН во кое бараме разбирање, бидејќи тоа е генерален проблем во сите општини во Македонија. Ние немаме заостанати долгови, но опомената се однесува за тековниот месец, поради што се надевам дека компанијата ќе има разбирање до одредено време, но не и бесконечно долго и затоа проблемот со мандатите треба што побрзо да се реши, - изјави градоначалникот на Куманово, Зоран Дамјановски.

    Јавно осветлување во општината имаат улиците, парковите, двата плоштади, Кејот на реката Кумановка и други јавни површини.

     Градоначалникот додава дека доколку не се разреши ситуацијата со продолжување на мандатите и распишувањето на локалните избори до крајот на месецот ќе се доведе во прашање исплатата на плати на вработените во јавната администрација и јавните установи.

    Мандатот на градоначалниците и советниците заврши на 15 мај, и оттогаш блокирана е исплатата на средства во општините.