Приведен 15-годишник, управувал автомобил без возачка дозвола
Петнаесетгодишно момче од Куманово ноќеска било приведено откако полицијата го затекнала како управува автомобил без возачка дозвола.
„Во 01:50 часот на патот Куманово–Черкезе, при сообраќајна контрола, полициски службеници сопреле патничко моторно возило ‘цитроен’ со кумановски регистарски ознаки, кое го управувал малолетник без да поседува возачка дозвола“, соопшти МВР.
По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик за „безобѕирно управување со моторно возило“.
Во полицискиот билтен вчера е регистриран уште еден случај на управување без возачка дозвола што го открила сообраќајната полиција.
„Во 08:30 часот на регионалниот пат во селото Љубодраг, А.Ј. (43) од село Ропалце, управувал патничко моторно возило „бмв“ со кумановски регистарски ознаки, без возачка дозвола. И против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик - „безобѕирно управување со моторно возило“.