Приведенo осудено лице за убиство во обид
20.02.2020 12:56
| KumanovoNews
По наредба од Основен суд Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го привеле Л.О.(21) од село Ропаљце, општина Липково, кој се барал за издржување на казна затвор од пет години за сторено кривично дело „убиство во обид“.

На 20.02.2020 околу 01.00 часот тој бил предаден во казнено – поправната установа Затвор Идризово.