Продолжение на 29.седница на Советот
08.07.2019 07:05
| KumanovoNews
Советот на Општина Куманово, денеска ќе продолжи со работа на 29. седница, која во четвртокот беше прекината поради отсуство на градоначалникот. Ќе се расправа само по две точки.

Дневен ред
1. Предлог – Одлуката за избор на најповолна понуда за воспоставување на јавно-приватно партнерство помеѓу јавен и приватен партнер, заради модернизација и одржување на системот на јавно осветлување во Општина Куманово.
2. Предлог – Одлука за дополнување на Одлуката за спроведување на површини за градење со намена А2 на парцели лоцирани вон централно градско подрачје во граница на градежен реон на град Куманово;