×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Продолжи судењето за злоупотреба на службена должност против градоначалникот Димитриевски

    23.05.2024 14:50 | Сузана Николиќ

    Во Основниот суд во Куманово вчера продолжи судењето против градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски, кого двајца кумановски бизнисмени го обвинуваат за злоупотреба на службената положба и овластување.

    Продолжи судењето за злоупотреба на службена должност против градоначалникот Димитриевски

    На рочиштето, одбраната на Димитриевски достави нови писмени докази кои ги обезбедила од Oпштина Куманово, а се произнесе и за доказите на Обвинителството.

    Основното јавно обвинителство како доказ ја предложи одлуката на Уставниот суд од 25 април 2024, која се однесува за укинување на одлуката на Советот на Општина Куманово за суспензија на примена на Детален урбанистички план (ДУП) во Куманово, поради која е започната судската постапка.

    Поради обемноста на доказите на одбраната кои треба да ги разгледа и да се произнесе обвинителката, главната расправа и сослушувањето на оштетените е одложено за 31 мај.

    Според обвинението, Димитриевски од април 2023 како градоначалник на Општина Куманово не ја извршувал својата службена должност и не го потпишал решението за градба и пресметката за надомест за уредување на градежно земјиште на правните лица „УПМ-ГРУП“ и „Хромак-Емил“ од Куманово. На 6 јуни 2023 донесена е Одлука за суспензија на ДУП-от во планскиот опфат за кој било поднесено барањето за градба и Одлука за отпочнување на изработка на нов ДУП. Бизнисмените повеле управен спор и Управниот суд пресудил во нивна корист и го задолжил Димитриевски да изработи пресметка, но тој не го сторил тоа и им нанел штета од 3.3 милиони денари.

    „Со тоа Максим Димитриевки сторил едно кривично дело злоупотреба на службена положба и овластување од чл.353 ст.4б.б.ст.1 од КЗ“, стои во обвинението.

    Димитриевски смета дека обвинението против него е монтиран политички процес да му се наруши угледот, додека бизнисмените го повикаа да не глуми жртва, да постапува според законот и да ги почитува одлуките на надлежните институции и на повисоките судови.