Продолжува Конгресот на ВМРО-ДПМНЕ
03.05.2015 10:53
| KumanovoNews
ВМРО-ДПМНЕ денеска го продолжува 15. Конгрес на партијата што се одржува во Куманово.

На него учествуваат 560 делегати, кои треба да изберат претседател на партијата за следниот четиригодишен мандат.
Актуелниот претседател и премиер Никола Груевски е единствениот кандидат за претседателската позиција. Зад неговата кандидатура се потпишаа интелектуалци, основачи и актуелни и партиски функционери.