×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Професор од Еуро Колеџ почесен професор на Оксфордската академија

    24.04.2017 09:13 | KumanovoNews

     Претседателот на бордот на директори на Еуро Колеџ Ранко Цветковиќ, се здоби со висока награда и признание - почесен професор на Оксфордската академија, доделена од Оксфордската академија на професори и на Европскиот бизнис форум.

     
    Професор од Еуро Колеџ почесен професор на Оксфордската академија

    „Ова е исклучителен случај академски лица од Балканот и од Македонија да добијат вакви почесни награди и да станат членови на оваа престижна Академија. Ова е секако и голем успех за Еуро Колеџ како високо образовна институција, која преку богатата интернационална соработка продолжува да се стреми кон спојување на македонскиот образовен систем со глобалното образование, - велат од Евро Колеџ.

    Приватната високообразовна институција Еуро Колеџ се наоѓа на 10 место на  престижната Шангајска листа, што е за осум места подобар резултат од првото рангирање извршено во 2012 година. Според деканот Љубиша Петрушевски вистинскиот раст допрва следува со оглед на тоа дека достигнувањата на колеџот во последната година, особено со Ерасмус програмите ќе влезат во новото рангирање кое треба наскоро да се објави.