×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Прогласени најдобaр полицаец и пожарникар за 2018

    25.12.2018 17:13 | KumanovoNews

     Општина Куманово и оваа година ги додели признанијата за најдобар полицаец и пожарникар во 2018 година.

    Прогласени најдобaр полицаец и пожарникар за 2018

    За најуспешен полицаец е прогласен Аслан Ајети од службата за безбедност во сообраќајот, а најдобар пожарникар е Сашо Илиевски, вработен во Територијалната противпожарна единица. Наградите им ги врачи градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, кој притоа се заблагодари на сите вработени во овие служби кои секојдневно се исправени пред многу предизвици.

    - Куманово е една од најбезбедните општини, а граѓаните благодарение на вас се чувствуваат побезбедно. Заедно сакаме да работиме и да постигнуваме уште поголеми резултати во општината, - нагласи Димитриевски.

    Полицискиот службеник Аслан Аети, кој веќе 15 години е вработен во СВР Куманово, истакна дека признанието не е само негово, туку на сите негови колеги од организационата единица.

    -Чувството е прекрасно и истото ќе биде поттик за моите понатамошни работни задачи и тоа најдобро ќе го почувствуваат граѓаните на општината-нагласи Аети.

    -Јас се надевам дека со мојата работата, посветеноста оваа година ги оправдав моите очекувања. Исто така можам да кажам дека сето тоа не ќе беше постигнато да не беа моите колеги, бидејќи пожарникарството е една хумана работа, работиме во тим и зависиме секој од секого, -истакна Сашо Илиевски.