Мени

Прогласени најдобрите просветни работници во Куманово

03.06.2026 08:56 | KumanovoNews

Здружението на просветни работници ги прогласи најдобрите просветни работници во основните и средните училишта во Куманово.

Прогласени најдобрите просветни работници во Куманово

Просветни работници кои со својата работа се истакнале во учебната 2025/2026 година се: Ирена Анастасовска учителка во ООУ „Кочо Рацин“,  во категоријата одделенска настава, Дафина Јосимовска наставничка по математика во ООУ „Браќа Миладиновци“, во категоријата предметна настава и Елена Марковска, наставничка по англиски јазик во СОУ Гимназија „Гоце Делчев“ во категоријата средни училишта.

Постхумни признанија за особен придонес и длабока трага во просветната дејност во Куманово им беа доделени на прерано починатите Слаѓан Станковиќ-Битрак и Лидија Николовска Георгиевска, претседателка на Сојузот на просветни работници.

Наградите беа врачени на свечена седница што синоќа се одржа во Занаетчискиот дом во Куманово.