Пролетно прскање на овошки и лозја
17.03.2015 09:03
| KumanovoNews
Во текот на месецов овошните и лозови насади, треба да се испрскаат со инсектициди и бакарен препарат за заштита од штетници.

“Пролетното прскање е задолжително, бидејќи на листовите и гранчињата има останато инсекти, ларви, штетници кои мора да се уништат. Ако не се уништат негативно ќе влијаат на родот. Дополнително треба да се изврши кроење на лозјата и овошките, за да се отстранат сите исушени гранчиња“ - објаснува Живка Наумова, раководител на Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството.
Наумова вели дека оваа сезона времето е поволно и не постои опасност за измрзнување на овошките.