Промоција на “Лет бр.555“ на Бобан Богатиновски
        21.01.2015 09:17
                  |               KumanovoNews                                  
	         
      Во Центарот за култура “Трајко Прокопиев“ утревечер во 19.30 часот, ќе биде промовирана книгата “Лет бр.555“ од Бобан Богатиновски.
 
                  Промотор ќе биде Костадин Героски. Богатиновски е кумановски поет и раскажувач, автор е на книгите: “Монотонија“, “Коцкар“, “Соба за разговор“, “Светлината е посилна“, “Барајќи карпа за молитва“ и други.



 
                   
                   
                   
                   
                   
                  



