Промоција на поемата “Естер Ихаз” од Оливера Доцевска
Во Центарот за култура “Трајко Прокопиев” во Куманово, утре во 19 часот ќе се одржи промоција и прва сценска изведба на љубовната поема “Естер Ихаз” од авторката Оливера Доцевска.

Стиховите ќе бидат изведени во вид на пиеса од младите актери Мики Јаневски (како Зеид Арман) и Симона Атанасовска ( како Естер Ихаз), по сценарио на Ана Љубиќ со ментор Оливера Доцевска, во режија на Тони и Кристина Станковски.
Промотори на книгата се актерката Кети Дончевска Илиќ и новинарката Јасмина Тодоровска.
Рецензенти на книгата се д-р Марина Мијаковска и Паскал Гилевски.
Оливера Доцевска дипломирала на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Правен факултет, правни студии, казнено правна и меѓународно правна група. Работи како адвокат, во Скопје. Таа е поетеса, активист за човекови права, есеист, колумнист, приредувач и преведувач.
Од 2012 година член е на Друштво на писатели на Македонија – ДПМ, а од 2014 – 2018 година е претседател на статутарна комисија на ДПМ воедно и член на Собраниски одбор на ДПМ.