Промоција на „Последната книга на планетата земја“ од авторот Филип Петровски
05.12.2018 15:10
| KumanovoNews
Во Центарот за култура, „Трајко Прокопиев“ утревечер ќе биде промовирана книгата „Последната книга на планетата земја“ од авторот Филип Петровски.

Промотор на книгата е Горан Стевчевски -Џина.
Филип Петровски е роден 1993 година во Куманово. Дипломиран фаготист на ФМУ во Скопје.
Зад себе го има своето прво психолошко спиритуално книжевно дело „Светот во Световите“. Книгата е плод на неговата духовна и психичка созреаност. Рецезент е на неколку книжевни дела и е промотор на истите.
Зема учество во многу музички манифестации и има бројни награди во областа на музиката како професионален музички уметник.