×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Промоција на романот „Лебед“ од Ана Стојаноска во Куманово

    26.09.2022 14:02 | Сузана Николиќ

    Во фоајето на НУ Центар за култура „Трајко Прокопиев“ Куманово вечерва со почеток во 18 часот, ќе се одржи промоција на романот „Лебед“ од проф. д-р Ана Стојаноска. Промотор на романот е проф.д-р Јелена Лужина, а настанот ќе биде проследен со музика на пијано од младиот талентиран музичар Ерди Шахини. 

    Промоција на романот „Лебед“ од Ана Стојаноска во Куманово

    Во 2017 година за романот „Лебед“ авторката  го добива „Рациновото признание“. Оваа година таа е и претседател на МТФ „Војдан Чернодрински“.

    Рецезентот проф.д-р Лидија Капушевска -Дракулевска за романот ќе напише „Ракописот „Лебед“ ја прославува музиката(и уметноста, воопшто)н и врвно естетско начело - убавината. Се пулсира во знакот на овој клучен идеал. Кога на ова ќе се додаде и фактот дека приказната во романот ја следи  животната сторија на две самохрани мајки, станува јасно дека ракописот на Стојаноска остварува и една општествено-ангажирана функција.“

    Стојаноска, театролог, писателка, професорка на Факултетот за драмски уметности – Скопје, дипломирала на отсекот за општа и компаративна книжевност на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ – Скопје (2001). Постдипломските студии по театрологија ги завршила на ФДУ, каде што магистрирала (2003) и докторирала (2007).

    Работела како истражувач – координатор во Институтот за театрологија при ФДУ – Скопје, од 2002 г. Учествува(ла) на многу симпозиуми, научни трибини и работилници од областа на театрологијата, компаративната книжевност и културологијата.  Одржала повеќе јавни предавања од областа на театрологијата.

    Авторка е на книгите: Јас и Лин, отпосле (роман, прво издание, Блесок, 2016; за која ја доби наградата Рациново признание, 2017 и беше финалист за наградата Роман на годината и второ издание, Култура, 2019), Дијалози во еднина (Култура, 2019), Димитар Ќостаров – Реалистичката поетика и естетика на еден режисер (монографија, ФДУ, 2014) и Македонски постмодерен театар (монографија, ФДУ, 2006). Приредувачка на книгите Драми од Дејан Дуковски (Проартс, 2002) и Современа македонска драма (Микена, 2008). Авторка на деведесет студии и есеи објавувани во македонската и странската периодика, како и коавтор на неколку театарски монографии. Исто така, е дел од авторскиот тим на Поимникот на книжевната теорија (МАНУ, 2007). Коавторка на повеќе театролошки монографии.

    Настанот е дел од Годишната програма за литература за 2022 година поддржана од Министерство за култура на Р.С Макесонија.