×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Промовиран Прирачникот за заштита од семејно насилство

    26.05.2017 11:42 | KumanovoNews

    Националниот совет за родова рамноправност, во Куманово го промовираше прирачникот за заштита од семејно насилство.

    Промовиран Прирачникот за заштита од семејно насилство

    Целта на прирачникот е систематизирање на знаење во областа на обезбедување помош и подршка на жените кои преживеале родово насилство и дискриминација, а наменет е за сите кои се вклучени во работа со жртвите од семејно насилство, институции, невладини организации и локални власти.

     „Во прирачникот се дефинирани формите на родово базиарно насилство и семејно насилство, информации за стандардите од Конвенцијата и обезбедување на квалитетни сервиси за жртвите, како и разграничување на родово базиарно насилство, терминологија врзана за родовите прашања и сл. Препознавање на родот и родово базиарно насилство има големо влијание врз квалитетна и ефикасна заштита на жртвите. Прирачникот е наменет и за адвокати, судии, обвинители и сите оние кои треба да го спроведуваат законот, - изјави Татјана Крстевска, претседателка на Здружението на жени  „Сирма“.

    Прирачникот е печатен во рамките на проектот „Здружени кон промени“, кој Националниот совет за родова рамноправност го имплементира со подршка на Македонскиот центар за меѓународна соработка од програмата Цивика Мобилитас.

    Националниот совет за родова рамноправност, со партнерите здруженија на жени „Сирма“ и “Мајка“, во Куманово неколку години интензивно спроведува активности во насока на ратификација на Истанбулската конвенција. За постигнување на оваа цел, од особена важност е сензибилизација, вклучување и зголемена информираност на локалните невладини организации кои работат на човековите права и насилството врз жените. Граѓанските организации и други независни актери релевантни за борба против родово базирано насилство, со зајакнати капацитети и здружени, придонесуваат кон зајакнување на нивното влијание и развој на системи согласно меѓународните стандарди за постигнување на родовата еднаквост, еднаков пристап до правда за жените и надминување на родовите стереотипи и дискриминација.