Пронајдена марихуана кај полска државјанка со привремен престој во Куманово
14.05.2019 09:27
| KumanovoNews
Кумановската полиција до ОЈО Куманово, поднесе кривична пријава против М.Р.(31) од Полска, со привремено живеалиште во Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело - неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори.

На 10.05.2019 година полициски службеници извршиле претрес во домот каде живеела пријавената, при што пронашле и одзеле марихуна, мешавина од тутун и марихуана и повеќе предмети со остатоци од марихуана.