Пронајдена марихуана во дом на кумановец
19.04.2019 14:01
| KumanovoNews
Кумановската полиција поднесе кривична пријава против Р.М.(42) од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори.

При преземање на службени дејствија во врска со претходно пријавена поплака, полициски службеници во домот на пријавениот пронашле и одзеле марихуана.