Прослава на Св.Трифун и Св.Валентин во Црвен Крст
        12.02.2015 09:09
                  |               KumanovoNews                                  
	         
      Во просториите на Црвен Крст Куманово утре во 11 часот, волонтерите и пензионерите од Здружение на пензионери Куманово, заедно ќе ги одбележат двата празника Св.Трифун и Св.Валентин.
 
                  По тој повод ќе има програма со музички, драмски точки и скечови. Ваква прослава традиционално се подготвува неколку години по ред за да се одбележат Денот на лозарите и Денот на вљубените.



 
                   
                   
                   
                   
                   
                  





