Протест против полициска бруталност во Куманово
07.05.2015 08:33
| KumanovoNews
Кумановци утревечер во 18 часот на Градскиот плоштад, ќе протестираат против полициската бруталност.
Преку социјалните мрежи граѓаните се организираат, за да го изразат револтот од постапувањето на полицијата и се она што беше обелоденето преку последната “бомба“ на опозицијата за убиството на Мартин Нешковски во 2011 година.
„ Куманово гордо стои до Скопје, Битола, Прилеп, Струмица и Кавадарци исправено, сите солидарно за подобро утре“ - стои во соопштението.
По објавувањето на прислушкуваните телефонски разговори, граѓаните од главниот град и повеќе градови во внатрешноста организираа или ќе организираат протести.