Мени

Протест во Крива Паланка поради проблемот со кравите

25.02.2026 23:28 | KumanovoNews

Во Крива Паланка утре ќе се одржи мирен протест на граѓани, поради неконтролираното движење на говеда и штетите што ги предизвикуваат врз имотот и земјоделските површини.

Протест во Крива Паланка поради проблемот со кравите

Протестот го поддржува Општина Крива Паланка и претставници на 16 месни заедници.

„Општината потсетува дека надлежните институции веќе донесоа правосилни решенија и задолжителни мерки за регулирање на оваа состојба. Непочитувањето на овие решенија го загрозува јавниот ред, безбедноста и имотните права на граѓаните.

Сите учесници се повикуваат на одговорно и мирно однесување, додека Општина Крива Паланка и претставниците на 16 месни заедници активно ги следат настаните и ќе ги преземат сите мерки во рамки на своите надлежности за заштита на јавниот интерес“, се вели во соопштението на Општина Крива Паланка.