Протест за чист воздух во Куманово
15.11.2018 08:29
| KumanovoNews
Kумановчани во сабота ќе протестираат за чист воздух под мотото „Искочи за чист ваздух!“.

Протестот ќе се одржи на Градскиот плоштад пред споменикот на „Батко Ѓорѓија“ од 12 до 13.30 часот.
- Кумановци, Куманово 13-ти д'н по ред е најзагаден град у државу! Док не смо почнале да купуемо и боце сас кислород, како што купуемо флаширану воду. За да не га плаќамо данак и с'с животи, ИСКОЧИ НА ПЛОШТАД КУДЕ БАТКО ЃОРЃИЈУ!, - повикуваат организаторите на протестот на Фејсбук.
Најавата за протестот уследи откако индексот на загадувањето достигна многу високо ниво, па во вечерните часови во Куманово не се дише од отровите во воздухот.