Прв технички саем во „Наце Буѓони„
20.05.2012 09:29
| KumanovoNews
Техничкото училиште “Наце Буѓони” во среда организира промоција на техничките науки за полуматурантите во градот.

Саемот „Техносаенс 2012„, ќе започне во 10 часот и за прв пат ќе се организира натпреварување во повеќе области за сите осмооделенци.
Учениците ќе се натпреваруваат во: информатика, програмирање, математика, физика, биологија, хемија, техничко образование и други природни науки.
Од спортски активности ќе се натпреваруваат во атлетика и скок во далечина на атлетскиот полигон на училиштето.
Ова е прв технички саем кој училиштето го организира во чест на денот на македонските просветители.