Првоаприлски маски за хуманитарни цели
01.04.2015 06:55
| KumanovoNews
Волонтерите од Црвен Крст Куманово, од вчера започнаа со продавање на рачноизработени провоаприлски маски.

Маските ги продаваат во централното градско подрачје, а собраните пари ќе бидат наменети за хуманитарни цели.
“Вчера ни беше прва продажба и продадовме 20 маски. Цените се симболични, чинат 30 и 50 денари. Купуваат и млади и стари. Младите за себе, а повозрасните за внучињата“ - вели Сања Росевска од Црвен Крст.
Активистите на Црвен Крст втора година по ред продаваат макси за 1 април-Денот на шегата.