Првомајски протест во Скопје
Голем синдикален протест по повод Први Мај – Денот на трудот, денеска се одржува во Скопје.

Синдикатите и здруженијата што ги штитат работничките права упатија и првомајски проглас.
„Работничките права се подлога на сите други граѓански права, бидејќи 99 отсто од луѓето ја обезбедуваат својата елементарна егзистенција преку својот труд. Традицијата нè обврзува, но современата работничка стварност десеткратно повеќе нè притиска да излеземе на улиците на Меѓународниот ден на трудот. На 1 Мај огласуваме нова етапа во нашата синдикална борба, во која здружено мораме да се фатиме во костец со угнетувањето кое ни иде од различни страни. Мораме да го возвратиме ударот со подобра организација на нашите капацитети, појасна артикулација на нашите заложби и помудра стратегија за нивното постигнување“, се вели во прогласот.Протестот ќе почне во 12 часот, кај Камен Мост.
(Извор и фото. МКД)