Психолошки работилници за учениците во “Вук Караџиќ“
01.07.2015 11:40
| KumanovoNews
Во основното училиште “Вук Караџиќ“ во новата учебна година ќе бидат организирани работилници со психолози.
Ова се прави за да нема последици по развојот на децата по настаните од 9 и 10 мај, кога полицијата водеше вооружени дејствија против терористичка група во населбата Тоде Мендол.
“Во август ќе ги подготвиме наставниците, а во септември планираме да почнеме со работилници со психолози. Додека траеја борбените дејствија, два дена немаше настава целосно, а цела недела дел од децата не доаѓаа на школо. Родителите не ги пуштаа од страв или беа во други градови, во други делови на Куманово кај роднини“ – раскажува Надица Петровска, директорка на “Вук Караџиќ“.
Во “Вук Караџиќ“ се образуваат околу двесте основци.

