Мени

Работник паднал и починал на работно место во фабрика

22.10.2020 20:14 | KumanovoNews

Педесет и тригодишен скопјанец вчера паднал и починал додека извршувал работни задачи во фабрика во Куманово, соопшти МВР.

Работник паднал и починал на работно место во фабрика

Во СВР Куманово вчера во 10 часот било пријавено дека во фабрика, при извршување на работни задачи, С.С.(53) од Скопје при пад се здобил со повреди и починал.

 МВР информаира дека бил извршен увид од увидна екипа од СВР Куманово и Јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот било предадено на семејството.