Работник паднал од скеле и починал
29.04.2017 13:16
| KumanovoNews
Градежен работник синоќа починал на Скопските клиники откако се здобил со сериозни повреди по пад од скеле.

Несреќата се случила вчера околу 14 часот, додека Л.Д.(60) од Куманово, кој работел во скопското село Чојлија, паднал од скеле и се задобил со: фрактура на черепот, отворени фрактури на двете нозе, скршени ребра и пршлени. Во 19,30 часот како последица од здобиените повреди, Л.Д. починал. По наредба на ЈО телото е дадено на обдукција.
Случајот во полиција го пријавиле од болницата.