Расчистена третата коловозна лента од свлечиштето кај Страцин
На регионалниот пат Куманово-Кратово кај село Страцин, пуштена е во функција и третата коловозна лента, која беше забранета за сообраќај поради активирање на свлечиште во должина од околу 50 метри.

Од Авто мото сојузот на Македонија информираат дека сообраќајот се одвива нормално и се препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.
Од 16 март престана да важи законската обврска за поседување на зимска опрема во возилата.