Разбојник нападнал продавачка, но не ја ограбил
12.03.2019 13:04
| KumanovoNews
Во СВР Куманово синоќа во 20.10 часот, било пријавено дека непознат сторител се обидел да изврши разбојништво во продавница на стариот пат за село Тромеѓа.

Според пријавеното, сторителот влегол и се заканил на вработената, по што и физички ја нападнал, но потоа побегнал во непознат правец и не одзел ништо. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за расчистување на настанот.