Разбојник нападнал жена во нејзиниот дом
07.05.2019 12:51
| KumanovoNews
Во Полициското одделение Матејче, Ф.А.(41) пријавила дека во нејзината куќа во с.Матејче, завчера околу 19 часот дошол С.С. од с.Ропалце и се обидел да изврши разбојништво над неа.

Според пријавеното, С.С.со употреба на сила влегол во куќата и со закана побарал да му даде пари.
Но, Ф.А. одбила и почнала да бара помош, по што С.С. си заминал. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.