РЦУК: Се чистат патиштата во Старо Нагоричане
12.01.2015 11:15
| KumanovoNews
Повеќе патишта во општина Старо Нагоричане се чистат од снегот со дебелина од 10 цм кој наврна ноќеска, велат од Регионалниот центар за управување со кризи.

Со булдожер се чистат патиштата кон селата Малотино, Жегљане, Рамно, Длабочица, М'гленце, Арбанашко, Буковљане и Цветишница, а во текот на денот екипи од Македонија пат ќе го чистат патот кон село Кокино.
Во општина Куманово проодни се сите локални и регионални патишта, но поради остатоци од снег на коловозите сообраќајот се одвива бавно.