Рецитал на сопран и пијано во Куманово
Во малата сала на Центарот за култура “Трајко Прокопиев“ – Куманово, вечерва ќе се одржи рецитал на Марија Муратовска-Наумовска сопран и Елена Атанасовска-Ивановска пијано.

Во програмата се застапени дела од Глинка, Чајковски, Дунаевски и Tosti.
Концертот е закажан во 19 часот.
Марија Муратовска Наумовска – сопран, родена во Скопје, а работи како редовен професор по соло пеење и вокална техника, за додипломските, магистерски и докторски студии на Факултетот за Музичка уметност во Скопје.
Елена Атанасовска-Ивановска е една од најуспешните и најафирмираните пијанисти во Република Македонија, која активно учествува во музичкиот живот во земјава, но и надвор од неа. Во моментов работи како доцент по корепетиција и практика на Факултетот за музичка уметност- Скопје.