Рекорден број на пожари во кумановско
Противпожарната единица Куманово од почетокот на годината интервенирала во 342 случаи во општините Куманово, Липково и Старо Нагоричане.
Оваа бројка е многу повисока во однос на првите истиот период во предходните години.
„Во над 90 отсто од случаите се работи за пожари, а останатите до 10 отсто се од техничка природа, како поплави, сообраќајки и др. интервенции. Најмногу пожари имавме во март и април, кога беше енормна суша, па селаните ги палеа стрништата и сува трева. Во овој период пожарите се во рамки на нормала“, - велат од противпожарната единица Куманово.
Утринава е пријавен пожар во селото Орашац во м.в. „Макрешански лозја“, каде што гори голема површина на сува треба, а проблем е што ветерот го разгорува и проширува огнот.
Во текот на вчерашниот ден пожарникарите интервенирале во село Матeјче и Средорек на запалена сува трева, во стар Житомел запалено ѓубре и на „Моше Пијаде“ на запалена електрична бандера.