×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Реплика-контрареплика

    16.12.2010 15:54 | KumanovoNews

    Советниците на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на општината на последната седница на нож го дочекаа кварталниот извештај за материјално-финансиското работење на ЈП „Водовод„ и уште еднаш побараа оставка од директорот Виктор Божиновски, бидејќи сметаат дека претпријатието го води во пропаст.

    Реплика-контрареплика

    Дали и покрај уцената дека ќе нема паушали за советниците, и сечење од платите на вработените во јавните претпријатија и образованието за да си ги платат со години заостанатите долговите, работата не вроди со плод? Тоа покажува дека директорот и менаџерскиот тим и покрај оваа нелегална алатка немаат капацитет да најдат начин како да ја подобрат наплатата- рече координаторот Бобан Николовски.

    Во мноштвото реплики и контрареплики, и градоначалникот Зоран Дамјановски беше прозван како заштитник на грбот на директорот на ЈП „Водовод„.

    „Вина за опстојувањето во директорската фотелја на Божиновски, а со тоа и за состојбите во ЈП „Вододвод„ има и градоначалникот, кој не го менува  и покрај тоа што со години нема резултати во работењето„ - потсети Николовски.

    Градоначалникот категорички се огради од наводите на својот политички противник а реплицираше и со интересна опаска околу тоа со што се‘ се служат опонентите поврзани со повеќегодишната војна меѓу  ЈП „Водовод„ и Водостопанското претпријатие „Кумановско-липковско поле„. За потсетување, со двете претпријатија управуваат браќата Виктор и Дејан Божиновски.

    „Директорот на Водостопанство ми врши вистински електронски рекет. На мојот мобилен телефон имам рамно 40 пораки од Дејан Божиновски со кои ми врши притисок да сум интервенирал во спорот меѓу двете претпријатија. Овој своевиден мобител терор како апсурд им го раскажав и на моите колеги на неодамнешниот собирот на градоначалници во Киев, во Украина кои случајот го примија со чудење„ - рече градоначалникот Дамјановски.

    На оваа реплика на градоначалникот советниците од ВМРО-ДПМНЕ, за разлика од останатите присутни на седницата, останаа рамнодушни и непоколебливи во ставот дека во раководењето со ЈП „Вододвод„  ,,нешто дебело заудира‘‘ и дека Куманово допрва го очекуваат проблеми во водоснабдувањето.