„Руле турс“ останува во Автобуската станица Скопје
Компанијата „Руле турс“ во наредните 15 години ќе продолжи да стопанисува со Автобуска станица Скопје, за што ќе плати повеќе од 4 милиони евра.

На јавното наддавање за давање под закуп на Автобуската станица Скопје, постигната е цена од 213 милиони денари плус ДДВ, сума која ја понуди „Руле турс“. Заинтересирани беа 7 компании од кои 5 ги исполнија условите. До денот на јавното наддавање, од овие пет компании, гарантен депозит што беше услов за учество во усното јавно наддавање доставија 3 компании.
Во јавното наддавање, што се одржа во просториите на Град Скопје, учествуваа компаниите „Вардар експрес“, СИЗ за Патен сообраќај (Македонија сообраќај – АМЕРИТ) Скопје и „Руле Турс“ ДОО Скопје.
Автобуската станица Куманово е во сопственост на компанијата Руле-Турс, која врши квалитетен превоз на патници во државата и Европа.