Рускиот амбасадор во посета на „Српски вез“
02.04.2019 13:12
| KumanovoNews
Амбасадорот на Руската Федерација во Скопје, Александрович Сергеј Баздникин, ќе го посети Културно уметничко друштво „Српски вез“, по повод Меѓународниот ден на детската книжевност .

Целта на посетата е да се запознае со работата на „Српски вез“, со предизвиците и проблемите со кои се соочуваат, како и да даде своја подршка и помош, - соопштуваат од друштвото.
По тој повод КУД „Српски вез“ организира и дружење со српскиот поет Стеван Милошевиќ од Врање, Р.Србија кој ќе ги презентира најинтересните бајки од српската книжевност.
Манифестацијата ќе се одржи утре во 19.15 часот, во просториите на Српски вез во Центарот за културата.