Шаховски турнир во чест на Карпош
Во клубот “Христијан Т.Карпош“ денеска се одржа шаховски турнир, по повод 71 година од загинувањето на херојот Карпош.

Турнирот го организира Здружение на армиски и полициски ветерани за да му оддаде почит на великанот.
“Ова е трета година и турнирот добива традиционален карактер. Сите поканети екипи со максимум членови дојдоа. Играат максимално добро и се трудат да победат. Целта е да се одбележи денот на загинувањето на легендарниот Христијан Тодоровски Карпош“ - изјави Љупчо Спасовски, потпретседател на Здружение на армиски и полициски ветерани.
На турнирот се натпреваруваат екипи од АРМ, СВР Куманово, Црвен Крст, Зружение на пензионери и домаќините, Здружение на армиски и полициски ветерани.
“Дојдени сме четири члена од Црвен Крст. Играме шах, активно сме вклучени и ова ни е трети или четврти турнир. Се трудиме да научиме нешто од постарите“ - вели Раде Ристиќ, лидер на Клуб на млади во Црвен Крст.
За најдобрите на турнирот ќе има признанија.