Самостојна изложба на Анета Божинова
28.04.2015 09:49
| KumanovoNews
Во Уметничката галерија утревечер во 20 часот, ќе биде отворена самостојна изложба на акдемскиот уметник Анета Божинова.

Ќе бидат изложени 14 дела: слики и скулптури, насловени како "Импулси ". Сликите се работени во техника акрил на платно, ангажирани во облик на тетраптих (1), пентатих (1) и триптих (1). Божинова и претходно со свои дела се претставувала пред кумановската публика, а зад себе има и голем број на изложби организирани во земјава и странство. Гостувала на изложби во Србија, Бугарија, Хрватска, Германија, Франција и други земји.