Сашо Серафимовиќ од Старо Нагоричане го фати крстот во Пчиња
19.01.2019 16:30
| KumanovoNews
Во Општина Старо Нагоричане денеска традиционално се одбележа големиот христијански празник Богојавление - Водици.

Пред голем број жители на Општината, меѓу кои и градоначалничката Жаклина Јовановска и претседателот на Советот Јовица Јанчиќ, во 11 часот во водите на реката Пчиња на мостот во селото Драгоманце се фрлаше Светиот крст.
Сашо Серафимовиќ од Старо Нагоричане, беше насреќен помеѓу 17 момчња и го фати крстот. Тој од општината доби телевизор и други подароци од црквата и спонзорите, а подароци имаше и за останатите момчиња кои скокаа во водата.