Сашо Стошевски нов член на Советот на Општината
09.01.2019 10:39
| KumanovoNews
Сашо Стошевски е нов советник во советничката група на коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ во Советот во Општина Куманово.

Стошевски доаѓа на местото на Срѓан Рашити од Сојузот на Ромите, кој на минатата седница остана без мандатот, поради тоа што не присуствуваше нa три седници по ред.
Стошевски е вработен во Фондот за здравствено осигурување во Куманово.