„Шќипоња“ ќе постави триесетина хранилки во ловиштата
Ловците од ловечкото друштво „Шќипоња“ ќе постават триесетина хранилки, во ловиштата во липковско со кои стопанисуваат.

Половина од хранилките веќе се направени изминативе викенди, а ќе се користат за прехранување на дивечот во наредната зимска сезона.
Ќе засадиме компири и овес за прехрана на дивеч. Хранилките се од дрво направени за од нив да се хранат срни и да се остави пченка за диви свињи. Хранилки колку повеќе има толку подобро ќе биде. Ова ни се подготовки за следната зима - вели Јовица Стојиќ, член на „Шќипоња“.
Стојиќ објаснува дека во ловиштата има доволно дивеч, а нивна обврска покрај храна е на одредени места да остават и вода за пиење.