СДСМ ги избра кандидатите за највисоките партиски тела
СДСМ Куманово вечерва одржа општинска конференција на која се утврдени кандидати за претседател, членови за централен и надзорен одбор.

Единствен кандидат за лидер на СДСМ е Зоран Заев, кој бил подржан со акламација од делегатите. Едногласна подршка добиле и кандидати за централен одбор: Оливер Спасовски, Максим Димитриевски, Виктор Петрушевски, Зоран Дамјановски, Томица Илиќ, Атина Мургашанска, Владислав Трајковски, Марина Алексовска, Александар Арсиќ и Христина Трајковска, како и за надзорен одбор: Марјан Спасовски, Соња Тодоровска и Мартин Захариев.
Предлозите ќе бидат доставени до централата, по што ќе се одлучи кој од овие кандидати ќе бидат дел од највисоките партиски тела. Во досегашниот состав Куманово имаше четворица претставници во извршните тела.