×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • СДСМ ја подржа иницијативата за законски измени за лицата со попреченост

    26.04.2017 14:13 | KumanovoNews

    Советници и пратеници од СДСМ и коалицијата, и градоначалникот на Куманово,  дадоа подршка на иницијативата за законски измени за социјалната и здравствена заштина на лицата со посебни потреби.

    СДСМ ја подржа иницијативата за законски измени за лицата со попреченост

    „Социоекономскиот живот на овие лица е на многу ниско ниво, исто така и законите кои се однесуваат на здравствена и социјална заштита имаат одредени пропусти, но и вклученоста на овие лица во општествениот живот е на едно многу ниско ниво. Затоа сакаме да дадеме поддршка да се соберат 10.000 потписи кои се потребни за регулирање на законската регулатива и сите граѓани во оваа општество заеднички да ги остваруваат своите права – изјави претседателот на Советот, Александар Арсиќ.

    Поддршка на иницијативата вчера даде и градоначалникот Зоран Дамјановски и пратеникот Максим Димитриевски.

    Акцијата за собирање подршка продолжува до петок на Градскиот плоштад во Куманово од 12 до 17 часот.