СДСМ најави дека ќе го укине екстерното тестирање уште оваа година
18.05.2017 12:48
| KumanovoNews
Од СДСМ уште денеска ќе ги достават до Собрание предлог измените на законите за основно и средно образование што се однесуваат на укинување на екстерното тестирање.

„Очекуваме по скратена постапка да се донесат законските измени и уште од оваа година да се укине екстерното тестирање за учениците од основното и средното образование“, -велат од СДСМ.