Се асфалтира пат во Младо Нагоричане
06.11.2011 12:33
| KumanovoNews
Започна асфалтирањето на селскиот пат во Младо Нагоричане до маала Џипунци. Патот е во должина од 1100 метри.

Реконструкција се одвива по програма на општина Старо Нагоричане, преку проект на Агенцијата за патишта.
Со изградбата на овој пат ќе се подобри патната инфраструктура во самото село, но и поврзаноста со околните патишта.
Изведувач на работа е претпријатието „Алпина“ од Скопје.