×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Се асфалтира патот Четирце-Никуљане

    11.05.2017 20:25 | KumanovoNews

    Од вкупно 3 километри ќе се асфалтираат само 1380 метри во селото Четирце, а останатиот дел ќе почека додека општината Старо Нагоричане не ги реши имотно- правните односи во соседното село

    Се асфалтира патот Четирце-Никуљане

    Започна изградбата на патот кој ги поврзува селата Четирце и Никуљане. Вкупната должина е 3 километри, а ќе бидат асфалтирани само 1380 метри во селото Четирце, бидејќи општината Старо Нагоричане не ги решила имотно- правните односи во селото Никуљане.

    „Нашиот дел што е под опфат на кумановска општина е 1380 метри, се работи и во населен дел каде ќе имаме изградено и тротоари. Но, имаме проблем бидејќи соседната општина Старо Нагоричане, ги нема расчистено имотно правни односи така што 1200 метри не можат да бидат изградени, иако средствата се обезбедени. На овој начин создаваме комунација меѓу двете општини во регионот. Проектотима витално значење во развојот на земјоделството, туризмот, природните богатства на североисточниот плански регион,- изјави градоначалникот Зоран Дамјановски.

    Вкупната инвестиција чини 8,5 милиони денари, средства обезбедени преку проект за рамномерен регионален развој. Со реализација на овој проект ќе се  поврзат коридорите 8 и 10 и ќе се скрати патот од населбата Карпош кон селото Четирце.

                                                                             (Извор:ТВ Плус)