Се чистат градските улици
Екипите што се задолжени за зимско одржување на улиците денеска фрлиле 70 тони по централните сообраќајници во градот.
Од синоќа се интервенира на улиците: „Доне Божинов„, „Народна револуција„, „Ѓорче Петров„, „Биљановска„, „Октомвриска револуција„, „Видео Смилевски Бато„, пристапите до болницата , Ургентен центар, Домот за стари лица, јавните институции и установи неопходни за функционирање на градот - велат од Општината.
Предност при интервенциите било дадено на сообраќајниците со поголеми стрмнини и улици од прв степен на приправност.
Со оглед на тоа што во вечерните и раните утрински часови температурите биле под -5 степени, солта послабо реагирала, па снегот веднаш не се топел поради што по улиците била фрлена и ризла, објаснуваат надлежните .